Градот на оризот Кочани се наоѓа во источниот дел на Р.Македонија помеѓу планините Осогово и Плачковица на оддалеченост од 120 км од Скопје.Иако населбата постои од порано името Кочани во пишан документ за прв пат се сретнува во 1337 г. Градот најмногу расте во 20. век и во него денес живеат околу 38000 жители.

Првите почетоци на фудбалот во Македонија ги имаме меѓу 1909 и 1912 година, но тогаш по веќе се шутирала топката одошто се играл вистински фудбал.Првите формирани клубови често се од маалски карактер , а најмладите со воодушевување ги имитирале возрасните со импровизирани топки, најчесто направени од партали.
Според пишаните документи првиот фудбалски клуб во Кочани е регистриран во 1924 г., а со оглед на фактот што во повоениот развој фудбалот во Македонија и Кочани бележи значаен подем почнало да се посветува поголемо внимание и на младинските категории.
Следејќи ги резултатите на локалниот градски фудбалски клуб имало периоди на добри постигнувања но и падови.Последните години е период на слаби резултати и намален интерес кај граѓаните за фудбалот како спорт.
Следејќи ги резултатите на локалниот ФК„ОСОГОВО“ имало периоди на добри постигнувања но и падови како што е сегашниов, бидејќи со својата екипа се натпреварува во Третата лига.Поради ниските резултати во последните години дојде до значителен пад на интересот за фудбал во Кочани.А всушност „ОСОГОВО“ во својата историја бележи многу подобри резулатати како член на Трета сојузна лига ( на некогашна СФРЈ ) и Прва Македонска фудбалска лига.
Од една страна, во недостаток од континуирано работење со млади категории, а од друга страна согледувајќи ги неискористените ресурси: обучен високо образовен тренерски кадар,спортски работници (судии, контролори), заинтересирани бизнисмени, одлично одржан Стадион, е донесена одлука, за формирање на нов фудбалски клуб кој ќе го носи името на градот, со обврска да го врати сјајот на фудбалот.
Досегашните фудбалски школи се посетувани само од момчиња, а од 2006 г.во ФК„КОЧАНИ“ започна да се пишува и историја на женскиот фудбал во овој град.
|