
ФК„КОЧАНИ“ располага со стадион кој е лоциран во јужниот дел на Градот, со изградени две трибини ИСТОК со 2750 места за седење ( во употреба од 1980 г) и ЗАПАД со 1600 места за седење.Од 1994 г.околу една третина од западната трибина е покриен.

Во подтрибинскиот простор на источната трибина е сместен ресторан со капацитет од 340 столови во чиј состав работи и мотел со 22 двокреветни соби.
Во склопот на западната трибина се клубските простории: соблекувални, бањи, канцеларии, сала за состаноци, прес сала и други помошни простории.
Во продолжение на главниот терен за игра на јужната страна се протега и помошен терен за тренинзи.
Највисок орган на управување и одлучување е Собранието на клубот кое го сочинуваат оснивачите.Од Собранието се изберени Претседател, Извршен одбор и Надзорен одбор.За административно-оперативно техничката работа е избран Секретар.
За стручната работа со младите фудбалери се ангажирани искусни тренери – професори по физичко и здравствено воспитание.
За здравствената состојба на членовите на клубот се грижат матичните лекари во соработка со клубски лекар кој е присутен на секој контролен и првенствен натпревар. За зацврстување на стабилноста и мотивираноста кај младите како и правилниот развој на спортската личност, по потреба се консултира психолог.
Во информирањето и популаризацијата на фудбалот во општината и пошироко се вклучени спортски новинари од пишаните и електронските медиуми. Секој спонзор, донатор и поддржувач на спортот претставува моќна алка во синџирот на луѓе неопходни за функционирање на клубот и затоа ги покануваме сите пријатели на фудбалската игра и на градот Кочани да не посетат и да ни се придружат во нашите напори за развој на фудбалот.
ФК„КОЧАНИ“ е формиран од страна на љубители на фудбалската игра, како клуб кој пред се ќе се грижи за здравјето , воспитанието и развивање на спортскиот дух на младите. Од 26.07.2005 г. е регистриран според важечките законски акти и Правилниците на Фудбалската федерација на Македонија и како член на ФФМ е вклучен во првенството на Р.Македонија за пионери во натпреварувачката 2005/2006.година.За успешно функционирање се грижат повеќе ентузијасти - љубители на фудбалската игра и стручни соработници.
Здравјето кај децата , нивниот правилен психофизички развој да биде постојано следен од високо образовен кадар на фудбалското игралиште и во исто време да ги учиме на вештините на фудбалот, правилата и начинот на спортско однесување се нашиот императив.
Градскиот стадион во Кочани е се почесто посетуван и чувствуваме дека го враќаме сјајот што некогаш го имаше овој спорт.Секојдневно, во претпладневните и попладневните часови се одржуваат тренинзите на околу 200 момчиња и девојчиња на возраст од 10 до 15 години.Деновите од викендот се резервирани за контролни и првенствени натпревари.
Согледувајќи ги желбите и потребите на младите од општина Кочани , работат повеќе категории на фудбалери:
- најмлади од 7 до 10 години -40 членови,
- млади пионери од 10 до 12 години - 40 членови,
- пионери од 12 до 14 години - 50 членови и
- кадети од 14 до 16 години - 30 членови.
Од најдобрите е селектирано натпреварувачка пионеерска екипа која се натпреварува во Првенството на Р. Македонија за пионери орагнизирани во рамките на ФФМ, како и во Куп натпреварување. За останатие екипи не постои организиран систем на натпреварување , па контролните натпревари се организираат како турнири.

По пројавениот интерес од женската популација активно да се занимава со фудбал од 01.04.2006 г. е формирана женска фудбалска школа во која членуваат 84 девојчиња на возраст од 11 до 15 години, со кои започнува историјата на женскиот фудбал во Кочани.
За стручната работа со младите се задолжени тројца тренери- професори по физичкои здравствено воспитание: Владо Андов, Оливер Јовановски и Михаил Андов.
|